Силно невреме со пороен дожд, грмотевици и електрични празнења ги зафати Крива Паланка и околината.
Поројниот дожд беше со силен интензитет и направи дотекување на буиците и водотеците. Наместа со атмосферските води на сообраќајниците се создаде поголема количина вода и талог со наноси.