Истрели на повеќе локации во Утрехт, затворени храмови, училишта, универзитети

471
ФОТО: EPA / ROBIN VAN LONKHUIJSEN

Едно лице загинаа, а неколкумина се повредени во вооружениот инцидент во трамвај во Утрехт, соопшти холандската полиција.

Неколку часа по нападот, според локалната полиција, се слушнале истрели на неколку локации во градот. Истрели имало и во близина на џамијата во Утрехт.

Напаѓачот од трамвајот се уште не е уапсен.

Припадници на антитерористичката единица опколија една зграда под претпоставка дека таму се крие напаѓачот.

Поради нападот во Утрехт затворени муслиманските храмови, но и универзитетите и училиштата во другите холандски градови.

Претходно, портпаролот на холандската полиција Јост Ланшаге изјави дека најверојатно станува збор за терористички напад.

ФОТО: EPA / ROBIN VAN LONKHUIJSEN

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...