Истражување: Фејсбук и Твитер можат да предвидат што мисли и прави човекот, дури и без профил

194

Фејсбук и Твитер можат да предвидат што еден човек мисли, чувствува, каде оди и што прави, дури и ако тој нема профил на социјалните мрежи, посочува заедничко истражување на Универзитетот на Вермонт и Универзитетот на Аделаида.

Алгоритмите можат да го предвидат однесувањето на поединците според карактерот на луѓето со кои се дружат, нешто што сериозно ја поткопува идејата дека личниот избор е главното оружје за заштита на приватноста и личните податоци.

Научниците од двата универзитета проследиле над 30 милиони јавни места означени на Твитер од речиси 14.000 корисници. Заклучокот вели дека е сосем можно да се предвиди каде оди лицето кое нема профил, само ако програмата за препознавање ликови го забележи со осум или девет пријатели со кои се фотографира.

Прецизноста на овие пресметки оди до 95 отсто точност, сметаат стручни лица.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...