Истражителите ги земаа двете црни кутии од синоќешната авионска несреќа на московскиот аеродром Шереметјево, во која загинаа 41 лице, изјави портпаролката на рускиот Истражниот комитет Светлана Петмеко.
Новите снимки од несреќата покажува дека пилотот се обидел да слета двапати, пред да се запали. Авионот удрил во пистата, се одбил од неа, па потоа удира на земја, а неговиот заден дел почнува да гори.
– Во авионот на лет од Москва кон Мурманск имаше 78 патници и членови на екипажот. Според најновите податоци достапни на истрагата, 37 од нив преживeаја – изјави Петмеко.
Бројот на жртвите го потврди и портпаролката на московското истражно одделение за меѓународен транспорт, наведувајќи дека загинале 41 лице.
Меѓу 37 преживеани, четворица се членови на екипажот. Петмина од преживеаните се хоспитализирани.
Се уште се испитува причината за несреќата.
Во авионот Сухој Суперџет-100, произведен минатата година, се наоѓале 73 патници и шест членови на екипажот. Компанијата „Аерофлот“ потврдила дека моторите на авионот на летот СУ1492 од Москва до Мурмански се запалиле при принудното слетување на московскиот аеродром.
Радарот за следење летови Флајтрадар 24 покажал дека авионот направил два круга околу Москва и слетал по 45 минути.
Посадка горящего “Суперджета” глазами пассажиров. pic.twitter.com/Z2L8nlXhMN
— baza (@bazabazon) May 5, 2019
Видео с камер Шереметьево: “Суперджет” на большой скорости ударяется о полосу, подскакивает, после чего бьётся ещё раз и загорается. pic.twitter.com/zAncjmzBg5
— baza (@bazabazon) May 5, 2019
ФОТО: EPA / SERGEI ILNITSKY