Полицијата влезе во фирмите на советникот Нефи Усеини

1294

Во текот на денот полицијата врши проверка во фирма сопственост на охридскиот советник Нефи Усеини, објави телевизија Телма.

Од полицијата и од МВР не даваат детали ниту официјални информации.

Според сознанијата на Телма, се вршат проверки во базата за бетон, која е сопственост на Усеини, а се наоѓа во близина на болницата „Свети Еразмо“. Овие проверки биле дел од претходно отворена постапка за фирмата. Акцијата ја воделе инспектори за економски криминал од СВР Охрид.

Нефи Усеини е советник во општина Охрид кој стана познат откако изгради тераса пред локал во заштитеното подрачје на Охрид. Терасата беше прогласена за дивоградба и беше наложено уривање, но таа одлука на локалните власти не беше реализирана.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...