Истрагата за убиениот словачки новинар води до Албанци од Македонија

1992
Jan Kucijak slovachki-novinar-

Истрагата за убиството на словачкиот новинар Јан Кучијак и неговата свршеница ги донела истражителите до албански бизнисмени од Македонија. Овие албански бизнисмени соработувале со италијански мафијаши од Ндрангета, пишува B92.

Истрагата тргнала по тој пат бидејќи Кучијак во своите текстови анализирал сомнителни зделки меѓу неколку албански семејства во Словачка.

„Работевме со Кучијак на досиеја кои се однесуваа на албанската мафија”, изјавила за „Млад фронт“ истражувачка новинарка од Чешка која соработувала со Кучијак во истражувањата за италијанската мафија, нејзините врски со словачки политичари и злоупотреби со европски субвенции за земјоделство.

Според информациите на „Млад фронт“, словачката полицијата работи на повеќе од 10 верзии за можните организатори на убиството на Кучијак и неговата свршеница, чии тела беа пронајдени во нивниот дом на 26 февруари.

Сега е веќе напуштена оригиналната верзија дека убиството на младиот пар го организирала италијанската мафија за која тој ја напишал постхумно објавената статија. Полицијата проверува неколку словачки магнати и македонски Албанци кои соработувале со мафијата Ндрангета, меѓу другото и за извоз на месо во Турција.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...