Викендов се возеа првите две трки од Алпе Адриа шампионатот, на добро познатата светска патека Словакиа Ринг, во Словачка. За прв пат во историјата на македонскиот мотоциклизам, македонски тим зема учество на ваков силен и високо рангиран шампионат, информираат од Тимот 71.
Тимот 71, заедно со Христијан Бузалковски за прв пат настапија на ваков силен шампионат и притоа остварија многу добри резултати. На првата трка завршија на 18-та позиција, а на втората трка на 20-та позиција, од вкупно 40 возачи.
Овој шампионат е отскочна даска за настап на светско првенство, бидејќи учество зимаат врвни светски и европски тимови и возачи, па едни меѓу нив е и македонскиот 71 теам.