Американката Микаела Шифрин е победничка на Супервелеслаломот возен вечерва во канадски Лејк Луиз. За неа ова е историска победа во светскиот Скијачки куп, бидејќи стана само седмата натпреварувачка која успеала да триумфира во сите алпски скијачи дисциплини.
За двократната освојувачка на Златниот глобус ова беше прва победа во Супер-џи, единствената дисциплина каде немаше највисоко место на победничкиот подиум.
Таа во својата кариера досега има победи во другите дисциплини: слалом, велеслалом, спуст и алпска комбинација (слалом-спуст).
Водено, за Шифрин, победата во Лејк Луиз е 46-та во кариерата.
ФОТО: МИА