Истекува рокот Јанева, Боки 13 и Кичеец да го оспорат обвинението за „Рекет“

909

Денеска истекува рокот во кој одбраната за случајот „Рекет“ треба да поднесе приговори за обвинението кое го поднесе Вилма Русковска, а кое се наоѓа во фаза на оценка.

Со првото обвинение за овој случај се гонат Бојан Јовановски Боки 13, Катица Јанева и Зоран Милески Кичеец.

Речиси сите адвокати поднеле приговори за обвинението до судот, освен еден. Бидејќи рокот истекува денеска, од Кривичниот суд ќе почекаат неколку денови дали по пошта ќе стигне приговор и од тој адвокат, по што во текот на наредната недела може да се закаже рочиште за оценување на обвинителниот акт.

Боки 13 е првоосомничен и на товар му се ставаат две дела: примање награда за противзаконско влијание и перење парти. Второосомничен за трговија со влијание е Зоран Милески – Кичеец, а поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева е третоосомничена за злоупотреба на службената положба и овластување.

Јовановски и Јанева се во притвор во Шутка, додека Кичеец е во домашен притвор.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...