Сара Ренсом шест месеци била заробена на приватниот остров на американскиот милијардер, педофилот Џефри Епстајн, каде му била препуштена на милост и немилост, но за тоа се осмелила да проговори дури сега откако милијардерот беше пронајден мртов во затворската ќелија во Њујорк.
„Сакам да ги охрабрам и другите жртви да проговорат“, му раскажала на новинарот на британски „Телеграф“ 35-годишната Шкотланѓанка, родена во Јужноафриканската Република.
Сара го запознала Епстајн во 2006 година во Њујорк, каде што студирала мода. Била млада и наивна, имала 22 години и останала без пари. И токму тогаш во еден ноќен клуб на Менхетн ѝ пришла жена и ѝ раскажала за „прекрасниот тип“ кој ќе ѝ помогне да ги „оствари своите соништа“.
„Беше толку шармантен и харизматичен“, раскажала Сара за нејзината прва средба со Епстајн. Неколку дена подоцна повторно ѝ се јавила жената од клубот на Сара и ѝ рекла дека Епстајн ја кани на неговиот приватен остров Литл Сент Џејмс.
„Немав поим дека влегувам во гнездо на стршлени“, рекла Сара и додала дека брзо завршила во приватниот авион на Епстајн наречен „Лолита експрес“, каде што веднаш и сфатила дека тука нешто не е во ред.
„Џефри и една девојка имаа секс на креветот. „Хардкор“ секс, тука пред сите нас. Немаше никаква приватност. И веднаш штом пристигнав на островот, започна злоставувањето. Ме силуваше и по три пати дневно. Обично сè започнуваше така што ќе ме повикаше да го измасирам“, рекла Сара и објаснила дека таа и другите девојки освен на Епстајн, им биле на располагање и на неговите гости.
„За шест месеци никогаш не го видов да работи. Никогаш. Буквално по цел ден ги напастуваше девојките.“
Сара рекла дека на островот првпат ја запознала Гислејн Максвел, богатата наследничка на медиумскиот магнат Роберт Максвет, која ги подведувала девојчињата и девојките за Епстајн. Гислејн и Епстајн повеќе делувале како брат и сестра отколку како пар.
Епстајн сè контролирал – по целиот остров имал поставено надзорни камери, па откако некоја девојка ќе се одвоела, веднаш доаѓале по неа и ја враќале меѓу останатите. Набрзо повеќе не можела да го издржи пеколот на секс-ропство и се обидела да побегне.
„Тој ден ме силуваше три пати. Во тој момент ајкулите ми беа најдобрите другари. Не ни размислував за опасноста, помислив само – доста беше, бегам!“, раскажала Сара за денот кога влегла во морето и решила да плива до слободата. Меѓутоа, обезбедувањето ја забележало каде таа оди, ја извлекло од водата и ја вратило.
Подоцна таа била одведена во Њујорк, каде живеела во една од куќите на Епстајн на Менхетн заедно со неговите други жртви. Но, на девојките не им било дозволено да се зближуваат. Епстајн го контролирал секој аспект од нејзиниот живот. Морала да ослабне кога тој ќе ѝ наредил, морала да оди кај лекар кога тој ќе посакал.
Сара пред еден месец сведочеше на судењето кое беше организирано за неговите 20 жртви и го обвини за сексуално злоставување и присилување на проституција. Таа уште во декември 2018-та година отвори граѓанска парница против Епстајн, но набрзо потоа се повлекла. Не е познато колку ѝ платил милијардерот.
Извор: Kurir.rs/Njujork post
FOTO: Tviter/Printskrin
FOTO: Jutjub/Printskrin