Ѕвездата на „Слатки мали лажливки“, Шеј Мичел откри дека имала спонтан абортус, пренесува „Космополитан“.
Таа објавила на својот Инстаграм убави фотографии од 2018 година, за потоа да открие што и се случило.
Мичел појаснила оти поединци не сакаат да ја прикажат вистината на социјалните мрежи, но таа сака да го сподели ова со нејзините фанови.
– Вашата поддршка ми помага во тешки денови, еден од тие денови беше и тој кога имав спонтан абортус и го изгубив детето од моите соништа – напишала актерката.
Таа додала дека ретко ги знаеме и разбираме страдањата кои другите луѓе ги доживуваат.
ФОТО: Инстаграм