Исповед на жена која предизвика бес кај целиот свет: На породувањето си го спасив својот живот, а не на бебето!

Една мајка својата одлука ја раскажала на социјалната мрежа Редит. Таа на својот профил напишала:

2743

Бременоста и раѓањето на детето се посебно доживување за секоја жена, но некои жени, во блажената состојба или при породувањето можат да доживеат компликации поради кои е загрозен животот на мајката или на бебето.

Иако повеќето жени се подготвуваат за можните проблеми, секогаш е тешко кога за време на породувањето мора да одлучат дали ќе преживее мајката или бебето.

Една мајка својата одлука ја раскажала на социјалната мрежа Редит. Таа на својот профил напишала:

„Во текот на првата бременост дознав дека за втората бременост ќе мора да се породам со царски рез. И тоа не ми пречеше, само сакав детето да ми се роди здраво. Но, секогаш постојат дополнителни компликации. Пред да заминам во болница, разговарав со својот сопруг, во случај да мора да избере кој ќе преживее, да ме избере мене.“

За среќа, во текот на породувањето немало никакви компликации и детето се родило здраво. Но сега, мајката е бремена со третото дете, во истата ситуација. Нејзините пријатели ѝ рекле дека е чудовиште бидејќи му рекла на сопругот да го убие сопственото дете и дека треба добро да размисли пред породувањето.

Сепак, повеќе од 2.000 корисници на Редит се согласиле со неа, велејќи дека друго дете повторно може да се роди, но друга мајка не може.

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...