Испливаа снимки од Трамп и милијардерот педофил како лудуваат и допираат малолетнички ВИДЕО

„Њујорк тајмс“ известува дека Трамп организирал приватна забава само за себе и милијардерот во Мар-а-Лаго за која „нарачал“ 28 „девојки од календар“.

1131

Aмериканскиот претседател Доналд Трамп организирал во 1992 година забава со милијардерот и педофил Џефри Епстајн, кој во моментот веќе вторпат чека судење за трговија со луѓе, поточно, сексуално злоставување, силување и проституција со малолетнички.

Најмладите помеѓу нив имале 14 години.

Американските медиуми сега објавија снимка од една забава на која Трамп и Епстајн се опкружени со девојки, наводно навивачки на американскиот клуб Бафало Билс. Забавата се случила во клубот на Трамп, „Мар-а-Лаго“.

Тој во еден момент држи една од девојките отпозади и ја плеска по задникот. Во друг момент, Трамп му покажува девојка на Епстајн и нешто му шепнува на уво. Иако поради музиката не се слуша што точно му зборува, Ен-би-си анализирал дека е следното: „Погледни ја, таму позади… Таа е згодна“. Потоа вели уште нешто што е невозможно да се слушне, но на Џефри очигледно му било смешно, бидејќи речиси паднал на земја од смеење.

Интересно е тоа што Трамп, кој американските медиуми го поврзуваат со Епстајн, во изјава од 9 јули негирал дека бил пријател со него. Сепак, тоа го демантираат не само овие снимки, туку и заедничките фотографии. Постои сомнеж дека американскиот претседател барем еднаш летал со згогласниот приватен авион на Џефри, во медиумите познат како „Лолита експрес“, поради шпекулациите дека токму во него милијардерот и неговите гости имале сексуални односи со малолетни девојки.
Со „Лолита експрес“ летал и поранешниот американски претседател Бил Клинтон, и тоа повеќе до 20 пати. Како и Трамп, и Клинтон сега се оградува од својот поранешен пријател.

Епстајн наводно бил чест гостин во Мар-а-Лаго додека не бил исфрлен поради напаствување на една малолетна девојка. Според судските документи, еднаш кажал дека сака да отвори моделинг агенција „на истиот начин на кој Трамп ја основал својата“.

„Њујорк тајмс“ известува дека Трамп организирал приватна забава само за себе и милијардерот во Мар-а-Лаго за која „нарачал“ 28 „девојки од календар“. Тоа се случило во 1992 година, кога била одржана и спорната забава од снимките.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...