Исплашени, во нечисти алишта, но свесни, биле заборавените деца во „алфата“

Децата се хоспитализирани на одделот пулмологија Б за опсервација, направени рутински лабораториски анализи со уреден наод и спроведена перорална рехидрација, велат од Клиниката каде синоќа донесени братчето (4) и сестричето (7).

1951

По цела ноќ престој на Клиниката за детски болести, откако биле пронајдени заборавени во заклучено возило „Алфа“ во населбата Аеродром, двете деца се испишуваат во добра здравствена состојба.

Од Клиниката информираат во каква состојба биле донесени братчето (4) и сестричето (7).

– Во моментот на прием, на преглед оддавале впечаток на запуштени деца (валкани во нечисти алишта) во свесна состојба, исплашени, лесно дехидрирани, свесни со уредни витални параметри. Децата се хоспитализирани на одделот пулмологија Б за опсервација, направени рутински лабораториски анализи со уреден наод и спроведена перорална рехидрација. Во тек на престојот се во стабилна состојба – велат од Клиниката каде синоќа во 23 часот со возило на Брза помош и во придружба на полиција биле донесени на Клиниката за детски болести Скопје. 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...