Исмет Гури за Алсат вели дека тој е жртва во денешниот инцидент во кој семејството на Ел Чека денеска го обвини за напад врз неговиот брат и мајка.
Според него, додека купувал цигари некој го удрил од зад грб и го оставил во бесознание. Потоа, полицијата интервенирала да го заштити него од толпата и бил однесен во болница.