Исмајлоска-Старова: Мојот глас за уставните измени зависи од амандманите

Таа, сепак, рече дека во оваа фаза таа е поблиску да гласа – ЗА, отколку ПРОТИВ или ВОЗДРЖАНО.

506

Мојот глас за финалната фаза за уставните промени ќе зависи од дефинирењето на самите уставните амандмани, изјави поранешната претеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Нола Исмајлоска Старова.

– Дали ќе гласам зависи од севкупниот процес, како ќе се дефинираат уставните амандмани после јавната расправа која што следува по 1 декември, што е многу важно поради тоа што ја вклучува и експертската јавност, граѓанскиот сектор, којшто има свое мислење во однос на овие процеси, но секако дека и помирувањето е важен дел и мислам дека сите институции треба да бидат внимателни да не наштетат на тој дел од овој процес -рече Исмајловска – Старова.

Таа, сепак. рече дека во оваа фаза таа е поблиску да гласа – ЗА, отколку ПРОТИВ или ВОЗДРЖАНО.

Но таа нагласи дека за неа е важно и како ќе тече процесот на помирувањето.

– Помирувањето е важен дел од овој процеси мислам дека сите институции треба да бидат внимателни за да не му наштетат и на тој дел од овој процес – рече Исмајловска – Старова во интервју за емисијата 360 степени на телевизијата Алсат М.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...