Исмајлоска Старова: Додека едни стоеја до ѕидот, осум луѓе понесоа одговорност

978

Нола Исмајлоска Старова од Независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ на собраниската седница за ратификација на протоколот за НАТО  потенцираше дека денес заокружуваме сон на многу генерации со кој државата станува триесетта членка на НАТО.

– Им овозможуваме на идните поколенија да стојат рамноправно, рамо до рамо со најмоќните светски сили и во нив да имаат свои соборци и сојузници. Денес отпочнува ново поглавје во македонската историја, поглавје кое ги слави успесите и најавува нови победи и потврдува дека имаме капацитет – рече Исмајлоска-Старова.

Таа во својот говор потсети на 19 октомври 2018 година кога, како што рече, овој парламетарен состав беше исправен пред можноста да и помогне на нашата татковина во чекорот неопходен за продолжување по евроатлантската патека по која сме се обврзале да биде нашиот избор за подобро утре.

– Тој ден 80 луѓе решија да седат и притиснат „за“ денес Република Северна Македонија да го заокружи во рекордно брз период членството во НАТО. Едни избраа да останат на страна и стојат до ѕид, а осум луѓе понесоа одговорност да опстојат на статутарните определби на својата партија… Емилија Александрова, Зекир Рамчиловиќ, Сашо Василевски, Љубен Арудовски, Владанка Авировиќ, Нола Исмајлоска-Старова, Крсто Мукоски и Елизабета Канческа Милеска бидете горди бидејќи денес сите обединети гласаме за Северна Македонија да ни биде побезбедна, посигурна и стабилна. Нашата заслуга ќе ја бележи историјата како државничка, храбра и неопходна за овој свечен чин  за кој живееме сите – рече Исмајлоска-Старова.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...