Исмајлоска: Не бев присутна кога го апсеа Сашо Мијалков

1472

Не бев присутна кога го уапсија Сашо, рече пратеничката Нола Исмајлоска Старова во емисијата „Вин-Вин“,  со што ги демантира информациите дека таа заедно со пратениците Крсто Мукоски и Сашо Василевски биле во хотелот „Мериот“ при апсењето на поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков.

Сепак, Исмајлоска не беше прецизна дали воопшто не била таа вечер во „Мериот“ или само не присуствувала на чинот на апсењето на Мијалков.

Пратеничката само кажа дека се сретнала со Мијалков, но и со други обвинети од ВМРО-ДПМНЕ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...