Жестока кавга се случи меѓу пратеничката Нола Исмајловска-Старова од Независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Жаклина Пешевска на собраниската седница на која се гласаше за Законот за одбрана.
На седницата процедурална дискусија имаше пратеничката Исмајловка- Старова која рече дека иако се спротивставуваат на името на Армија на Северна Македонија неколку пратеници од ВМРО-ДПМНЕ веќе гласаа за промена на името на Армијата.
-Закон за служаба за армијата е веќе донесен. И во тој Закон има член со кој се усвојува новото име. За ова решение гласаа и пратениците: Владимир Ѓорчев, Иван Иванов, Дафне Стојановска, Жеклина Пешевска, Павлинче Честојнова и да Никола Мицевски – најброја Исмајловска.
Откако таа ја заврши дискусијата и спикерот Џафери побара да се гласа, пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Пешевска викаше по Исмајловска
– Срам да ти е, затни ја устата погана. Никогаш повеќе името да не ми го споменуваш – викаше Пешевска.
На тоа доби одговор од Исмајловска-Старова.
– Да си гласала за Северна Македонија, тоа го покажуваат стенограмите – рече Исмајловска.
Спикерот Џафери чекаше да заврши расправијата меѓу пратеничките пред да продолжи со зборување.