Исланд на местото на САД во Советот на ОН за човекови права

Администрацијата на Трамп Вашингтон одлучи да ја напушти оваа организација со седиште во Женева.

99

Генералното собрание на ОН го избра Исланд на местото на САД во Советот на ОН за човекови права, по одлуката на администрацијата на Трамп Вашингтон да ја напушти оваа организација со седиште во Женева.

Исланд беше номиниран од групата на западните земји и доби 172 гласа, а Франција доби еден, предизвикувајќи смеа во салата за заседанија.

Постојаниот претставник на САД во ОН Ники Хејли изјави дека администрацијата на Трамп ја донела оваа одлука, затоа што САД не можат да останат членка на „лицемерна и користољубива организација која се подигрува со човековите права“.

Советот на ОН за човекови права има 47 членки и во него има одреден број места за секој регион на светот.

Мандатот на Исланд почнува веднаш и ќе трае до 31 декември 2019 година.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...