Шест службени возила во сопственост на УБК, утрово во 8 часот биле демолирани на паркингот пред МТВ, велат од МВР.
И покрај тоа што на паркингот имало паркирани и други возила, оштетени биле само возилата на УБК.
„Денеска во 8.05 часот пријавено е дека на паркингот кај МТВ се искршени стакла на шест возила, сопственост на УБК и едно возило сопственост на Државен инспекторат за градежништво и урбанизам. Се преземаат мерки и активности за расчистување на случајот“, вели МВР.