Поранешниот пратеник во Собранието, Џезаир Шаќири е времено ангажиран како надворешен соработник од областа на внатрешната безбедност и борба против радикализмот, за потребите на канцеларијата на премиерот Зоран Заев, потврди Владата.
По два дена молк Владата конечно и соопшти на јавноста дека Хоџа е ангажиран да го советува Заев. Шаќири е времено ангажиран од Владата со договор за една година и ќе зема плата од 36.000 денари месечно.