Искршени десетина корпи за отпад во Старата чаршија

Aпелираме веднаш да престане уништувањето на опремата, имајќи предвид дека во текот на 2019 година се опожарени 137, а од почетокот на новата година дури шест контејнери за одлагање на комуналниот отпад“,  изјави директорот на ЈП Комунална хигиена-Скопје

161

Непознати сторители деновиве скршиле и опожариле десетина нови корпи за одлагање ситни отпадоци во Старата скопска чаршија, што „Комунална хигиена“ ги постави во октомври 2019 година, соопштија од ова скопско ЈП. Оттаму појаснуваат дека корпите  ги поставиле на  барање на Здружението на занаетчии на Чаршијата, со цел  да се подигне нивото на хигиената на оваа фреквентна туристичка локација во центарот на градот.

„При поставувањето на корпите за ситни отпадоци упативме порака дека од граѓаните очекуваме со својот однос и постапки што подолго време да ги сочуваат функционални и неоштетени, а денеска апелираме веднаш да престане уништувањето на опремата, имајќи предвид дека во текот на 2019 година се опожарени 137, а од почетокот на новата година дури шест контејнери за одлагање на комуналниот отпад“,  изјави директорот на ЈП Комунална хигиена-Скопје, Абдусамед Шабани.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...