Во РЕК Битола ноќеска на полноќ од производствен процес е исклучен Блок 2 поради зголемување на оперативноста на постројката.
Блокот ќе биде во мирување до 30 март. Во меѓувреме, производството на електрична енергија ќе продолжи од останатите два блока – Блок 1 и Блок 3, соопшти денеска РЕК Битола.
По вклучување на Блок 2 во електроенергетската мрежа, планирано е исклучување на Блок 3 на РЕК Битола поради планирано надградување на софтверскиот систем за управување на блокот.
Во тек на сервисните активности, потребите за електрична енергија АД ЕЛЕМ ќе ги задоволи од сопствените производствени капацитети.