Исклучени 17 возачи за организирање трки на “Митрополит Теодосиј Гологавов“

319

На улица “Митрополит Теодосиј Гологавов“ викендов од 22 до 1.30 часот Одделението за безбедност на сообраќајот на патиштата за брзо возење и организирање на трки во доцните вечерни часови исклучи 17 возила. Тие биле упатени на вонреден технички преглед, а на возачите им се задржани сообраќајните дозволи до завршување на техничкиот преглед, соопшти МВР.

МВР продолжува со засилени контроли на учесниците во сообраќајот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...