Исклучените пратеници од ВМРО – ДПМНЕ нема да гласаат против пратеникот Груевски

1300

Нема да гласам за одземање на пратеничкиот мандат на Никола Груевски, одговори Елизабета Канческа Милевска, координаторката на новата пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија на новинарско прашање, а тоа го потврдија и другите нејзини колеги кои денеска присуствуваа на прес конференција во Собранието – Владанка Авировиќ, Зеќир Рамчиловиќ, Нола Исмајловска-Старова и Емилија Александрова.

Павле Богоевски, претседателот на собраниската Комисија за мандатно-имунитетни прашања, пред два дена за Плусинфо, изјави дека во законски предвидениот рок од 15 дена ќе ја свика седницата на која треба да се расправа за одземање на пратеничкиот мандат на Груевски. Претходно, кривичниот суд испрати известување до Собранието дека Груевски е осуден на правосилна казна затвор од две години.

За одземање на мандат на пратеник кое го утврдува Собранието, според Уставот е потребно двотретинско мнозинство. До денеска беше неизвесно како ќе гласаат пратениците од новата пратеничка група и дали ќе се постигне потребната бројка за двотретинско мнозинство од 80 пратеници, но Канчевска беше децидна дека нема да гласа.
 Во новата пратеничката група освен Елизабета Канчевска Милевска  се и пратениците, Владанка Авировиќ, Зеќир Рамчиловиќ, Нола Исмајловска-Старова и Емилија Александрова Крсто Мукоски, Љубен Арнаудов, Сашо Василевски.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...