Исклизнатите вагони кај Черкези денеска ќе бидат отстранети од пругата

56

Во текот на денешниот ден ќе бидат расчистени и подигнати исклизнатите товарни вагони на делот од пругата помеѓу станица Куманово и Романовце, со што ќе се овозможи на ЈП МЖ Инфраструктура да пристапи кон обновување на пругата, информираат од  МЖ Транспорт АД-Скопје.

Вагони од товарен воз се излизгаа од пругата кај кумановско Черкези на 2-ри јули. Немаше повредени, но беше причинета голема материјална штета. Поради тоа железничкиот сообраќај неколку дена е во прекин. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...