Претседателот Стево Пендаровски, при денешната прошетка низ Старата чаршија во Скопје, наминал кај кројачите Хузамедин и Џељадин, кои му зеле мерка за нов костум.
„Тие својот занает заедно го печат безмалку 4 децении, а во изминативе 22 години успешно го градат својот заеднички кројачки бренд „Иска и Џељо“, и своето знаење им го пренесуваат на двајцата чираци“, напиша шефот на државата на својот профил на Фејсбук.