Исечените јапонски цреши на Максим Горки ќе бидат заменети со нови

303
20150818 Tuesday 1127 opstina centar

ЈП „Паркови и Зеленило“, на барање на Општина Центар, вчера и денеска изврши интервенција на дрворедот на улицата Максим Горки.

Од Општината информираат дека се работи за отстранување стари и болни дрвја од видот јапонска цреша.

– Јапонската цреша е дрво по кое е и самата улица „Максим Горки“ препознатлива и карактеристична. Општина Центар ја известува јавноста дека на местото на отстранетите стари и болни дрва во понеделник ќе засади нови 18 висококвалитетни дрвја од истиот вид, јапонски цреши, кои се примени како донација од вработените во претставништвото на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) во Скопје – велат од Општината.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...