ИРИ: Речиси половина од граѓани сметаат дека телефоните се уште им се прислушуваат

103

Речиси половина од македонските граѓани и натаму сметаат дека нивните телефонски разговори не се приватни и безбедни, покажува анкетата на Меѓународниот републикански институт (ИРИ).

Вкупно 45 отсто од анкетираните одговориле дека телефонските разговори што секојдневно ги вршат не се приватни и безбедни наспроти 34 отсто кои сметаат дека никој без нивно знаење не ги прислушува.

Во однос на претходното истражување на ИРИ, бројот на оние кои сметаат дека телефонските разговори им се безбедни е зголемен за пет отсто, а за еден процент е намален бројот на граѓаните кои сметаат дека некој ги прислушува.

Анкетата на ИРИ покажува и дека иако има тренд на подобрување, над половина од анкетираните сметаат дека во Македонија се уште не постои владеење на правото. Дека воопшто нема владеење на правото сметаат 24 отсто, а оти делумно нема 29 проценти.

Триесет и три проценти рекле дека во Македонија постои владеење на правото, а од нив 14 целосно, а 29 проценти делумно.

Во однос на последната анкета на ИРИ, за два процента е зголемен бројот на оние кои сметаат дека во Македонија има владеење на правото, а за исто толку е намален бројот на граѓаните кои сметаат дека нема.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...