Супермоделот Ирина Шајк (33), еден месец по прекинувањето на четиригодишната врска со амераканскиот актер Бредли Купер (44), ја „уловиле“ папараците во друштво на маж со кого интимно се прегрнувала во Њујорк. Ирина со себе ја донела и ќерката Леа, која ја доби со Купер.
И додека Леа си играла, Ирина и мистериозниот маж се прегрнувале и си шепотеле.
По објавувањето на фотографиите, веднаш почна да се шпекулира дека станува збор за ново момче во нејзиниот живот, за што странските медиуми наголемо се распишаа. Сепак, руската убавица била во друштво на пријателот Алек Максвел, креативниот директор на британскиот „Вог“.
Според „Њујорк тајмс“, наводно Алек е во врска со Едвард Енинфул, главниот уредник на британскиот „Вог“.
Без оглед на тоа, фотографиите на кои тие се мошне блиски, поттикнаа лавина од коментари.
FOTO: Instagram/Printskrin