Ирина Шајк се фотографираше топлес за потребите на едиторијалот за познатниот магазин, првпат по раскинувањето на четиргодишната врска со Бредли Купер. Таа изгледа многу провокативно на фотографиите и докажа дека може да ја оддели нејзината кариера од нејзиниот приватен живот.
Ирина Шајк е главна ѕвезда на едиторијалот дигиталното издание на магазинот „Харпер’с базар“. Се фотографирала топлес, позирајќи пред огледалото во луксузно, долго здолниште од розев сатен, а со рацете ги покрила нејзините голи гради. Ирина изгледа многу елегантно и софистицирано, и притоа покажала дека е голем професионалец кога станува збор за моделството.
Делува дека емотивните бродоломи не можат да ја нарушат во нејзината кариера. Сепак, атрактивната манекенка вели дека не е совршена и дека има денови кога изгледа лошо.
„Не сум совршена, имам денови кога мојата кожа е лоша и кога мојата коса е ужасна. Понекогаш не изгледа како модел, јас сум само обичен човек“, изјавила таа во интервјуто.
FOTO: Printskrin/Instagram