Ирина Шајк: Без Бредли има денови кога едноставно се распаѓам

957

Манекенката Ирина Шајк, во интервју за „Вог“ првпат проговори за својата разделба со глумецот Бредли Купер.

– Мислам дека во сите добри врски, го внесуваш и најдоброто и најлошото од себе. Тоа е едноставно во човечката природа. Двајца одлични луѓе не мора да бидат одлична двојка – вели таа.

Рускиот модел вели дека „животот без Бредли е како нова страница“, во смисла на снаоѓањето како самохран родител, што за неа е ново.

– Тешко е да се најде рамнотежата меѓу самохраното родителство и работата. Има денови кога едноставно се распаѓам – додава таа.

Шајк и Купер само пред неколку дена постигнале договор околу старателството над двегодишната ќерка Леа де Сена. Тие заедно ќе се грижат за детето во Њујорк.

Ирина Шајк се најде на насловната страница на наредниот број на „Вог“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...