Ирина од АРНО, девојката која прави на сите да им биде арно

Она што таа го прави и што е нејзина најголема мотивација, како што вели, е кога гледа колку малку интервенција и поттик се потребни за да се сменат нечии животи. Ирина Јаневска и нејзиното здружение АРНО досега веќе ги смениле животите на многумина. Се прашувате како?

661

Не се сеќавам точно кога и како ја запознав Ирина Јаневска (веројатно беше нешто околу кулинарството), ама кога првпат седнавме да пиеме кафе, не се ни напивме кафе, ама уста не затворивме, како да се знаеме со години.

Оваа девојка која е постојано ратрчана и во акција, веројатно кога си легнува навечер низ главата ѝ се ројат еден куп идеи за нови проекти и ангажмани со кои ќе им помогне на оние кои компаниите во  трката за профит најчесто ги забораваат, на маргинализираните, или едноставно, на младите на кои им треба само мал поттик и насока за да си го најдат своето место во општеството.

Ирина е оснивач на  АРНО – Асоцијација за развој на нови опции, иако многу повеќе, со она што го работат, се асоцијација на тоа што во речникот можете да го најдете како објаснување за зборот АРНО, значи, „добро“, „убаво“, сѐ што е спротивно од неарно.

АРНО е здружение за социјални иновации со посебна мисија за развој и имплементација на социјални иновациии и промоција на нови опции и современ технолошки пристап за промена, поточно, за подобрување на општеството.

А оснивач и мозок на АРНО е Ирина.

Целиот текст прочитајте го на порталот „Арт кујна“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...