Иран за Албанија: Таа е ѓаволска земја која ги згрижи нашите непријатели

Во Албанија првата група ирански муџахедини (припадници на бунтовничка група кои се борат против режимот во Иран), пристигна во 2013 година според договорот со САД. Сега во т.н. град на муџахедните сместени се неколку илјади.

2384

Иранскиот духовен водач Али Хамнеи ја прогласи Албанија за непријател, додавајќи дека таа е „лоша европска земја која ги згрижила нивните непријатели“.

– Тоа е многу мала, но многу ѓаволска европска земја, каде американските елементи соработуваат со иранските предавници и прават заговор против исламската република Иран. И планот што тие го имаа јасно се виде, со протестите што се одржуваа во Иран, бидејќи некои од тие предавници дојдоа во Иран да протестираат. Агентите на непријателот започнаа да го спроведуваат планот за саботажа, убивање и уништување на нашата влада и нашот Устав – изјавил Хамнеи, пренесува Топ чанел.

Во Албанија првата група ирански муџахедини (припадници на бунтовничка група кои се борат против режимот во Иран), пристигна во 2013 година според договорот со САД. Сега во т.н. град на муџахедните сместени се неколку илјади.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...