Иран до САД : Убиството на Ал Багдади не е голема работа, jа убивте својата креација

1549

Иранскиот министер за информатичка и комуникациска технологија Мохамед Џавад Азари Џароми изјави денеска дека убиството на водачот на терористичката Исламска држава Абу Бакр ал-Багдади не е голема работа.

„Не е голема работа! Ја убивте својата креација“, напиша тој на Твитер како одговор на соопштението на американскиот претседател Доналд Трамп дека Ал Багдади е убиен.

Иран честопати ги обвинуваше САД дека ја создале групата Исламска држава без да понудат докази за тоа.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...