Иранското обвинителство бара смртна казна за „американските шпиони”

49

Иранското обвинителство побара смртна казна за неколкумина уапсени, осомничени дека минатата година шпионирале за САД во воените и нуклеарните агенции.

Иран во август соопшти дека уапсил „десетици шпиони” во државните органи, од кои многумина имаат двојно државјанство.

Портпаролот на судот, Голамхосеин Есмаил, рече дека голем број осомничени кои биле уапсени пред помалку од една година би можеле да бидат осудени на смрт пред воените судови во Иран.

– Двајца осомничени кои не се воени лица добија долги затворски казни – додаде Есмаил.

Техеран во јуни соопшти дека погубил поранешен службеник на воздухопловната агенција при Министерството за одбрана под обвинение дека шпионирал за американската Централната разузнавачка агенција.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...