Иранската зомби Анџелина Џоли оди во затвор

Табар наводно имала 50 естетски операции, а девојката признала и дека со години се изгладнувала па стасала до тежина од само 40 килограми.

1055

Инстаграм-ѕвездата Сахар Табар (21) позната по тоа дека го смени личниот опис за да личи на актерката Анџелина Џоли е уапсена. Таа била приведена на барање на судскиот Совет на Техеран, кој работи со „културолошки криминални дела и морална корупција“.

Сахар се соочува со обвиненија за богохулие, вклучувајќи насилство, заработка на пари на несоодветен начин и охрабрување на младите да се однесуваат коруптивно, информираше иранската агенција.

Табар се прослави на Инстаграм лани, откако објави серија фотографии од нејзиниот лик на кои се забележува драстичната промена на изгледот со пластични операции. Поголемиот дел од фотографиите и видеата кои ги објавува за нејзините следачи се радикално изменети за таа да личи на холивудската ѕвезда Анџелина Џоли.

Инаку, Инстаграм е единствената социјална мрежа која е дозволена во Иран, а Фејсбук и Твитер се забранети.

Табар наводно имала 50 естетски операции, а девојката признала и дека со години се изгладнувала па стасала до тежина од само 40 килограми. Голема инспирација ѝ е и ликот „Мртвата невеста“ во која често се маскира за потребите на снимањата.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...