Во Скопје почина Живко Мадевски, еден од првите професори на Природно-математички факултет на УКИМ, негов декан и иницијатор за формирањето на студии по информатика. Тој изведувал наставата по теориска механика, аналитичка геометрија, линеарна алгебра, а повремено гостувал како наставник на Фармацевтскиот, Економскиот и други факултети во Скопје. Бил извонреден методичар, дидактичар, педагок, автор или коавтор на повеќе (околу петнаесет) учебници за сите три степени на образование.
Добитник е на престижната награда „Св. Климент Охридски“.
Како Претседател на Асоцијацијата на математичари проф. Мадевски посебно се грижел за напредокот на талетираните во оваа научна дисциплина, како и развивањето афинитети кон новите информатички науки. Меѓу наставниците и студентите важел за исклучително толерантен и грижлив колега.
Погребот на проф. Живко Мадевски е во среда на градските гробишта во Скопје.