Инцидент со автомобил пред британскиот парламент, повредени пешаци (ВИДЕО)

85

Еден маж утрово е уапсен во Лондон откако со автомобил удри во заштитната ограда поставена пред британскиот Парламент. Во инцидентот повредени се неколку пешаци.

– Во 07:37 автомобил удри во оградата пред зградата на Парламентот. Возачот е приведен од полицијата на лице место. Неколку пешаци се повредени. Полицијата и понатаму е на терен, соопшти Скотланд јард.

Засега не е познато дали се работи за несреќа или за напад.

Зградата на британскиот Парламент е опкружена со челични и бетонски заштитни огради.

Во Велика Британија минатата година беа извршени низа напад при што вкупно загинаа 36 лица, а 200 беа повредени. Одговорност за четири напади презеде Исламска држава.

Во нападот од март 2017 година, 52-годишниот Халид Масуд со автомобил усмрти четири пешаци на Вестминистерскиот мост, а потоа со нож избоде до смрт невооружен полицаец пред британскито Парламент. Напаѓачот беше застрелан од полицијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...