Инфузија за аптеките од 12.000 денари за февруарската квота со лекови  

423
Фондот за здравствено осигурување на Македонија соопшти дека донел одлука за линеарно зголемување на квотите за дополнителни 12.000 денари за секоја здравствена установа – аптека, освен за апеките со максимална месечна квота од 650.000 денари за месец февруари.

Со оваа дополнителна мерка, се посочува во соопштението, Фондот обезбедува дополнителен износ од над девет милиони денари за месец февруари, што ќе придонесе за достапност на лекови на рецепт за осигурените лица во текот на месецот. Од Фондот информираат дека причините за оваа дополнителна мерка се сезонскиот грип, прогласената епидемија на морбили, како и значителната искористеност на квотата за месец февруари, заклучно со денешниот датум.

Ова линеарно зголемување ќе важи само за месец февруари 2019 година. Фондот продолжува внимателно да ги следи состојбите со достапноста на лековите на рецепт во аптеките, со цел осигурените лица да добиваат навремено и квалитетно обезбедување на лекови на рецепт, стои во соопштението.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...