Инфлацијата во Турција достигна највисоко ниво во јуни – 15,39 отсто

Инфлацијата во Турција значително се зголеми во јуни, достигнувајќи 15,39 отсто, по претседателските и парламентарните избори

133

Инфлацијата во Турција значително се зголеми во јуни, достигнувајќи 15,39 отсто, по претседателските и парламентарните избори, објави Институтот за статистика на Турција.

Според податоците на Институтот, потрошувачките цени се зголемени за 2,61 отсто од мај кога достигнаа највисоко ниво.

Во мај инфлацијата изнесуваше 12,15 отсто, а во април 10,85 отсто.

Најголем месечен пораст на цените е забележан кај храната и безалкохолните пијалоци – 5,98 проценти. Најголем пораст на цените на годишна основа има кај транспортот – 24,26 проценти.

Предвремените претседателски и парламентарни избори во Турција се одржаа на 24 јуни. Претседателот Реџеп Тајип Ердоган беше прогласен за победник на претседателските избори.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...