Дејвид Бекам можеби ќе треба да го промени името на сопствениот клуб, кој го основа во 2018 година, ако Интер Милано ја добие тужбата против МЛС тимот, пишува „Клачомеркато“.
Италијанскиот гигант и новосоздадениот Интер Мајами имаат доста слични имиња, што дава повод на правниот оддел на „нероазурите“ да ја истражуваат можноста за покренување процес.
Претставници на Дејвид Бекам неофицијално одговарија на провокацијата, откако нагласуваат дека целосното име на миланскиот клуб е „ФК Интернационале Милано“, а голем број клубови ширум светот користат слични имиња.
Овој спор за трговската марка би можел да се претвори во сериозен скандал, бидејќи евентуален успех за Италијанците би послужил за сериозна основа фудбалски клубови од целиот свет да почнат дела за ексклузивни права на секој одделен дел од своето име.
Интер Мајами се подготвува да дебитира во МЛС во 2020 година, а две години подоцна се очекува да заигра на свој-сопствен стадион. Не е исклучено сето тоа да биде одложено за некое време, ако дојде до судска битка.