Италијанскиот гигант Интер донесе одлука да се казни Жоао Марио со исфрлање од првиот состав, доколку Португалецот продолжи да ги одбива понудите за преминувањето во друг тим, тврди Газета дело Спорт.
Италијанскиот весник пишува дека фудбалерот одбил понуди од Бешикташ, Севиља и Бетис, како и разговори со неколку англиски екипи.
Последниот тим кој е заинтересиран за Марио, е францускиот Монако, кој пред неколку дена го пушти Балде Кеита во Интер.
Ако и сега Португалецот не сака да го напушти Интер, тогаш „нероазурите“ ќе го извадат од составот за сезоната во Серија А и Лигата на шампионите.
По Европското првенство во 2016, гигантот од Милано го купи Марио од Спортинг Лисабон за 40 милиони. Евра, но неговиот престој во Интер е повеќе од фрустрирачки. Полусезоната од ланското првенство беше на позајмица во Вест Хем каде остави добар впечаток но „чеканите“ не сакаа да ја активираат клаузулата за откуп.