Диего Годин веќе може да се смета за играч на Интер од летото, кога неговиот договор со Атлетико Мадрид ќе истече. Според медиумите во Италија, Уругваецот се согласил на новиот предизвик, откако добил предлог од 6 милиони евра годишно.
Во Шпанија се уште не се категорични дали трансферот е реалност, но „Скај Спорт Италија“ веќе откри детали од договорот. Години ќе потпише договор за две сезони, со можност да продолжи за уште една.
Годин, кој во февруари ќе наполни 33 години, ќе зема загарантирани 4,5 милиони евра по сезона, но со сите вклучени бонуси во договорот, сумата стигнува до околу 6 милиони. Сите услови околу идната соработка се прецизирани, но за да биде ставен потпис под договорот, дефанзивецот прво треба да ги помине медицинските прегледи.
Агентот на дефанзивецот ќе добие провизија од 5 милиони евра.
ФОТО: EPA/MATTEO BAZZI