Интер го враќа Санчез, ама го купува Вертонген за 0 евра

257
Фото: EPA/ANGELO-CARCONI
Фото: EPA/ANGELO-CARCONI

Интер нема да се обиде да ги откупи правата на напаѓачот Алексис Санчез од Манчестер Јунајтед, според италијанскиот новинар Фабрицио Романо.

Раководството на „нероазурите“ е незадоволно од претставувањето на 31-годишниот Чилеанец, кој беше ангажиран од клубот од Милано до крајот на сезоната 2019/20 и нема намера да потпише постојан договор со играчот. Така, Санчез ќе се врати во Манчестер Јунајтед летото 2020 година.

Досега Санчез има одиграно 13 натпревари на сите турнири за Интер оваа сезона, со еден гол и три асистенции. Порталот „Transfermarkt.com“ го проценува на 25 милиони евра.

Неговиот договор со Манчестер Јунајтед треба да истекува во јуни 2022 година.

Од друга страна, пак, Интер му понуди договор на дефанзивецот на Тотенхем, Јан Вертонген.

Договорот на 32-годишниот Белгиец со „спарс“ истекува на крајот на јуни 2020 година, така што играчот сега може да преговара со другите клубови и да го напушти сегашниот клуб како слободен агент во текот на летото.

Интер се надева дека повторно ќе ги соедини Вертонген со неговиот поранешен тимски колега во Тотенхем – Кристијан Ериксен, кој стана играч на „нероазурите“ во јануари.

Вертонген игра за Тотенхем уште од летото 2012 година.

Во сезоната 2019/20, Белгиецот одигра 24 натпревари за „петлите“, има 1 гол и 1 асистенција.

Фото: EPA/ANGELO-CARCONI

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...