Интер веќе бара заменик на Икарди

146
ФОТО: EPA / MATTEO BAZZI

Раководството на Интер веќе бара заменик на аргентинскиот напаѓач Мауро Икарди, кој најверојатно ќе биде продаден во летниот преоден рок.

Скандалите во последните денови поврзани со Икарди сигурно не влијаат позитивно на атмосферата во соблекувалната и шефовите на клубот одлучија да најдат заменик на Аргентинецот пред да се стигне до негова продажба.

За Икарди има многу сериозен интерес од Реал Мадрид, Челзи, Јувентус и Наполи.

Во Италија се на мислење дека „нероазурите“ ќе се свртат кон Един Џеко од Рома за да ги решат проблемите во офанзивен план.

Џузепе Марота смета дека Џеко е добра опција за тимот, а шефот е убеден дека ќе успее да се договори и со колегите од Рома.

Потсетуваме дека Интер веќе зеде една од најголемите ѕвезди на „волците“, откако во изминатото лето го купи Раџа Наинголан.

Друга опција за нападот на Интер е Единсон Кавани од Париз Сен Жермен.

ФОТО: EPA / MATTEO BAZZI

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...