„Legalitasregnorumfundamentum!” – Законитоста е темелот на државата!
Државата е „проекција” на функционирањето на нејзиниотправен систем.
Културата на неказнивост во Република Македонија, која се градеше и развиваше од нејзиното осамостојување во 1991 година, вопоследниве неколку години го достигнува својот зенит. Колку време ќе се задржи во нејзиниот зенит зависи од сите нас, граѓаните, кои сеуште сме во нашата татковина.
Сведоци сме на континуиран дваесетгодишен финансиско-правен геноцид врз граѓаните во Република Македонија, криминална и неправедна приватизација, дводецениско разграбување како на општествениот, така и на приватниот имот, случајот ТАТ и други пирамидални случаи, стечајци, потоа, национализации и денационализации, на санацијата на банкарскиот систем во Република Македонија, блокирање на сметки, присилни извршувања, жалби и поплаки од работата на судството и извршителите… Овие процеси се дел од лепезата на фактори кои се виновни за епитетот на нашата држава како – “една од најсиромашните земји во Европа”, во која, „продажбата на билетите во еден правец” е варијабила со најголем апсолутен и релативен пораст.
Вакви актуелни забелешки за работата на извршителите се почесто слушаме на разни ТВ дебати, социјални мрежи, Интернет портали и други медиуми. Извршителската фела ја бранат претставниците од комората на извршители, министерството за правда, поранешни извршни судии итн… оценувајќи дека работеле во согласност со законите. Наспроти нивните тврдења за законското работење на извршителите, одреденипрофесорски и граѓански аргументации беа сосем спротивни. И покрај детектираните незаконитости и пријави на истите до надлежните институции (комора на извршители, суд, министерство за правда), културата на неказнивост сеуштеја игра својата главна улога, при што, надлежните институции, како по инерција не ги санкционираат неправилностите.
Од направените истражувања, треба да се напомене дека граѓаните не се жалат само на лоши законски одредби и високи трошоци за спроведување на извршните постапки, каде за основен долг од 1 (еден) денар, наплатени се повеќе од 12.000 денари, за долг од 9 (девет) денари, наплатнеи се повеќе од 18.000 денари… тукусè почесто укажуваат на големи незаконитости при постапките за извршување.
Сведоци сме и на неизвршување на судски одлуки од страна на извршителите. Судската одлука е столб на правото, а нејзиното непочитување е доказ дека не постои (правна) држава. Од друга страна, голем број на судски одлуки се донесени спротивно на закон, што уште повеќе го потврдува фактот за непостоење на правна држава и владеење на правото.
Имапримери на извршни постапки над недвижности кои траат десетици години, а максималниот рок предвиден со законот во делот на лицитациите е година дена. Зошто и ваквите постапки не се санкционираат од надлежните институции? Дали постои спрега помеѓу извршителите, нотарите, судиите, банките и останатите учесници во овие постапки, а сето тоа на штета на граѓаните? Фактите и доказитеод направените истражувања го потврдуваат токму тоа -„In flagrante delicto”.
Можеби клучното прашање за оваа проблематика е – Зошто комората на извршители, министерството за правда и судовите не ги санкционира незаконитостите при извршувањатакако финален степен при одредени облигациони – должничко-доверителски односи? Постои ли некаков интерес на овие институции да не ги санкционираат незаконитостите?
Се додека судството и обвинителството, како едни од темелите на правната држава и како органи кои треба да ја спроведуваат правдата во државата, не ги санкционира неправилностите, извршителите, нотарите и сите останатиќе се чувствуваат комотни и безбедни во својата позиција на незаконито делување. Од сето тоа, произлегува дека голема одговорност постои и кај судството и кај обвинителството и деканеопходни се промени и во Судскиот совет и во Советот на јавни обвинители на РМ.
Со новиот закон за извршување, не смее да се дозволи извршување со документација во фотокопија или заверен препис, извршната постапка треба да се реализира единствено со оригинална документација. Иако постоечкиот закон дозволува извршување само со документација во оригинал, години наназад, постојат голем број на злоупотреби во извршните постапки кои се реализирани спротивно на законот, токму со документација во заверена фотокопија и не случајно сега се предвидува тоа да се вметне во новиот закон за извршување.
Доколку барем еднаод наведените надлежни институции (комора, министерство, обвинителство, суд) се одважи и застане на страната на моралноста, честа, правдатаи законитоста, неправилностите при извршните постапки драстично ќе се намалат, со посакувана тенденција да се искоренат.
Поради сите овие причини, потребна е целосна ревизија на работењето на извршителите, нотарите, катастарот, министерството за правда, банките и останатиот ланец на институции кои се дел од извршните постапки, па откако објективно ќе се утврдат сите незаконитости и недостатоци да се направи нов предлог-закон за извршување.
И за крај, никаде нема да стигнеме ако “почетокот на правосудните реформи“ во РМ е започнат со “палење на министерството за правда” и исчезнување на исклучително важни документи. Постојат поефикасни, подобри и поцивилизирани методи за реални реформи за воспоставување на правна држава и владеење на правото.
Автор: Александар Попоски, потпретседател на ГДУ