Собранието денеска треба да се ја продолжи 86. седница на која на дневен ред е интерпелацијата на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, поднесена од опозицијата.
Покрај интерпелацијата на министерот Спасовски, пратениците ќе расправаат и за неколку предлог-законски решенија од кои дел се во прво читање, а дел треба да се донесат по скратена постапка.
Седницата почна во понеделникот кога беше усвоена одлуката за испраќање на припадници на АРМ за учество во мировната операција „Одлучна поддршка“ во Авганистан. Потоа седницата беше прекината со образложение дека неколку предлог-законски решенија што се на дневен ред, треба да бидат разгледани на матичните комисии.