Интернетот ја нападна Мис САД, Сара Роуз Самерс, поради нејзините описи за Мис Виетнам и Камбодија, пренесува „Космополитан“.
Видеото, кое всушност одело на Инстаграм во живо, покажува како Самерс заедно со Мис Колумбија (Валерија Моралес) и Мис Австралија (Франческа Ханг) ги коментираат останатите натпреварувачки.
– Што мислите за Мис Виетнам? Таа е толку слатка и се прави дека знае англиски. Но, потоа ја прашуваш нешто откако сте зборувале и таа само (кимање со глава) – вели Самерс а другите со насмевка велат дека тоа е „слатко“.
Потоа Самерс ја спомнува и Мис Камбодија и како и таа не знае да зборува англиски.
– Мис Камбодија е тука, а не зборува англиски. Никој друг не го зборува нејзиниот јазик. Можете ли да замислите? Франческа рече дека тоа би било таква изолираност, а јас се согласив дека ќе биде конфузно постојано – вели таа а другите девојки се согласуваат.
Луѓе во коментари ги критикуваа овие постапки.
„И тие сакаат да го претставуваат светот? Без срце“ е еден од коментарите, а друго лице напишало „Колку срамно“.
Самерс се извини за целата ситуација на Инстаграм.
– Во момент кога им се воодушевував на храброста на моите сестри, реков нешто што сега сфаќам дека може да се сфати како без почит, се извинувам за тоа – напишала таа.